Филигранот, како би се кажало, “има душа“!
Кујунџиство/филигранство
Кујунџиството е уметнички занает. Всушност, кујунџиството е група занаети, бидејќи него го сочинуваат следните четири гранки: кујунџии со лиење и исчукување предмети, филиграни, златари и џеварџии.
Кујунџиите со лиење и исчукување изработуваат предмети за сакралните објекти (цркви, манастири, параклиси), за стопанството и за домашна употреба.
Џеварџиите, кои уште се викаат јувелири, изработуваат предмети и украси исклучиво со скапоцени камења.
Најприсутни се филиграните и златарите, кои изработуваат метален накит од сребро, злато и алпак (никел, легура) со различни техники. Накит изработуваат и кујунџиите со лиење.
За филигран е потребно најчисто сребро од илјада карати. Тоа се добива со рафинирање (калење) на сребро од послаб квалитет. Среброто од 1000 карати се вика ќулче.При изработувањето на накитот се применуваат бројни операции, меѓу кои: белење (процес при кој сребрениот накит се чисти, светнува), вурцисување (чистење, гланцање), златење (процес при позлатувањето), калапење (процесот за правење калапи за лиење), калење (пречистување на среброто за од повеќе карати да се добие одреден карат), м`скалисување (гланцање), поткојување (процес при кој на разни монети им се става алка за да можат да се носат како накит), стружење лем (претворање на лемот во прав), сучење тељ (процес при кој две жици се спојуваат во една) и др.